404
Просечниот животен век на лицата кои боледуваат од цистична фиброза во земјава е дупло помал од просекот во европските земји, реагираат од Здружението за цистична фиброза. Според нив просечниот животен век на болните од цистична фиброза во Македонија е 13 години, додека овој просек во Европа е над 35 години.
Од здружението велат дека овие болни и натаму се соочуваат со проблемите при набавка на лекови, а голем дел од нив пак не можат да ги набават ниту оние кои финансиски се помоќни.
Од Клиниката за детски болести пак, велат дека државата превзема се што е во нивна надлежност и дека проблемите не се толкави како што се претставуваат.