Првата рунда преговори помеѓу претставници на ВМРО-ДПМЕ и СДСМ со тројката европратеници попладнево заврши, пренесува телевизијата 24 Вести. Претставниците на двете најголеми македонски партии на две посебни средби разговарале со европратениците Вајгл, Кукан и Ховит, на кои им ги пренеле своите ставови за излез од политичката криза.
По завршувањето на овие средби немало официјални изјави, но неофицијално, ставовите на опозицијата биле дека треба владата, јавниот обвбинител и раководството на МРТ да си поднесат оставки, за да се отвори простор за политичка и правна разрешница на кризата. На средбата, опозицијата ја претставувале Радмила Шекеринска, Рената Дескоска и Виктор Габер.
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ, исто така неофицијално, бил дека кризата треба да се реши со правна разрешница на случајот Пуч, а биле подготвени да разговараат за пописот, нов избирачки список, измени во изборниот законик и состојбата во медиумите, но не и за преодна влада и нови избори. Претставици на владејачката партија биле члновите на Извршниот комитет, Никола Попоски, Никола Тодоров и Илија Димовски.
Откако двете одвоени средби завршиле, европратениците ги поканиле претставниците на двете делегации, Радмила Шеќеринска и Никола Попоски на заеднички работен ручек.