СДСМ: Агенцијата за медиуми потврди дека е контролирана од Груевски

by Фокус 17:41
17:41

-Одлуката на Агенцијата за медиуми покажува дека не само институциите во Македонија, туку и регулаторните тела како што е ова тело, ДИК, Државната комисија за спречување на корупцијата, се под окупација на Груевски и тесната група околу него и не можат да работат според должностите утврдени со закон, како контролни механизми на злоупотребите од страна на власта, пишува во реакцијата на СДСМ на денешната одлука на Агенцијата да не и укажува на МРТ да известува објективно.

Од најголемата опозициска партија велат дека срамна и недозволива е денешната одлука што ја донесоа членовите под контрола на Груевски, со којашто е отфрлен предлогот да се побара од МРТВ објективно и професионално известување, во услови кога националниот сервис ги крши основните законски обврски за придржување кон начелата на вистинитост, политичка избалансираност, презентирање важни информации од интерес на граѓаните.

-Мнозинството во Агенцијата за медиуми денеска потврди дека и ова регулаторно тело е партиско тело контролирано од еден центар, канцеларијата на Никола Груевски, заклучува СДСМ во реакцијата.

- Advertising -

 

Поврзани новости