Заврши вкрстената проверка на податоците, ДИК излегува на терен

by Фокус

Од денеска опција преку електронски систем да се пријават нерегуларности во Избирачкиот список е затворена,  а граѓаните кои не ја искористиле оваа можност, ќе можат и понатаму да пријавуваат нерегуларности, но преку подрачните одделенија и канцелариите на ДИК. Пријавените сомнителни случаи, денеска се споредуваат со вкрстените податоци и се утврдува кои од нив треба да се проверат на терен.  Извештајот со добиените резултати ќе се разгледа утре, на јавна седница на комисијата.

Вкрстената проверка  две недели ја вршеа ИТ експерти преку базите на податоци од 10 институции. Оние лица, чии податоци нема да се совпаѓаат во најмалку две бази на податоци, ќе се проверуваат на терен. Сомнителноста на гласачите ќе се утврдува според неколку прашалници и формулари, според тоа, колку луѓе има во еден стан, колку влезови има зградата или куќата, колку семејства живеат таму и слично. За ова ДИК има еден месец, а избирачкиот список мора да се стави на увид најдоцна до 17-ти април.

Неизвесно е дали за еден месец ДИК ќе успее да ја спроведе теренската активност и како ќе постапи по сите пријави на граѓани.

Поврзани новости