Заврши протестот пред владата

by Фокус 21:56
21:56

Во генерално мирна атмосфера, без поголеми инциденти, заврши протестот пред владината зграда, организиран од граѓанската иницијатива „Протестирам“, со барања за оставка на претседателот Ѓорге Иванов поради општата аболиција и одложување на предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни.

Протестот првично почна од пред зградата на Специјалното јавно обвинителство по што демонстрантите се упатија кон Собранието, од каде, пак, заминаа кон владината зграда, откако претходно не успејаа да стасаат до Музејот на ВМРО преку Камениот мост.

Инаку, огромен број на припадници на полицијата го обезбедуваат денешниот протест, на кој се појавија илјадници луѓе.

- Advertising -

Поврзани новости