Во Битола демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон

by Фокус

Кон крајот на денешниот протест пред зградата на Општина Битола, демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон, јави ТВ Тера.

Ги соопштија уште еднаш нивните барања.

Бараат оставка од градоначалникот на Битола Владимир Талески, оставка од претседателот на државата Иванов, Специјалното јавно обвинителство да си ја работи работата и како што рекоа сите криминалци да се затворат.

За утре најавија нов протест од 19 часот.

Поврзани новости