603
Во рамките на министерството за здравство согласно уредбата на Владата заврши постапката за набавка на респиратори, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.
Од девет економски оператори, два ги задоволувале условите во однос на рокот и во однос на критериумите.
-Еден дел од респираторите ќе стигнат во следните седум дена, а другите, од вкупно 31 колку што успеавме да обезбедиме, во текот на следните 30 дена. Со тоа ќе го надополниме моменталниот капацитет на респираторни машини, рече Филипче.