Вкупно 122 здравствени работници заразени со корона вирус

by Frosina Fakova

Вкупно 122 здравствени работници се заболени со Ковид 19, покажуваат последните податоци кои ги соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. Од нив седум веќе се излечени и се вратени на своите работни места.

Тој уверува дека има доволно опрема за сите здравствени работници, како и доволно резерви во Министерството за здравство за сите здравствени установи.

Во однос на смртноста од оваа нова болест тој уште еднаш повторни дека вирусот не ги напаѓа само белите дробови, туку исте органи, дури и крвта и дека во сите научни светски студии и статистики стапката на смртност на пациентите со тешка клиничка слика е дури 97 проценти.

 

Поврзани новости