Заврши пописот во Бугарија

by Fokus

Пописот во Бугарија заврши. Податоците од последниот ден се уште не се сумирани. До 9 октомври, 82 отсто од населението во земјата, што е 5 милиони и 657.000 луѓе, се преброени во Бугарија.

Директорот на Националниот статистички институт на Бугарија Сергеј Цветарски изјави дека очекува од сабота и недела да бидат преброени повеќе луѓе, јави дописникот на МИА од Софија. Цветарски рече дека ова е низок процент, но оваа ситуација настана од повеќе причини. Според него, населението во Бугарија ќе се попише со дополнителни информации од административна природа. Според Цветарски, вистинскиот број на населението во Бугарија треба да биде помал од 6 милиони и 916.000, како што објави статистичкиот институт заклучно со 31 декември, 2020 година.

Поврзани новости