Полициската акција која МВР ја спроведе ноќеска во скопското село Арачиново и во дел од општината Липково е завршена, а од МВР се уште нема официјални информации за што точно станувало збор. МВР најави дека денеска ќе излезе со подетални информации, освен тоа дека имало акција.
Според неофицијални информации, полицијата ја спровела акцијата откако добила информации дека на ова подраче има нелегални мигранти. Акцијата се спроведувала и на пограничниот појас со Косово и во реонот на селата Слупчане, Матејче и Арачиново. Била извршена полициска контрола на неколку локации и напуштени објекти долж граничната линија која е прогласена за кризно подрачје.
Утрово на овие места е мирно, полициските сили се повлечени, а ги нема и армиските хеликоптери кои вчера го надлетуваа ова подрачје.