Убиен чувар на нуклеарна централа во Белгија, картицата за пристап украдена

by Фокус

Член на обезбедувањето на белгиската нуклеарна централа Тианж е убиен во градот Шарлроа во Белгија, а неговата идентификациона картица е украдена, тврди денеска бриселскиот весник „Дерниер ер“, повикувајќи се на локални полициски извори.

-Чуварот на постројката е убиен во четвртокот додека го шетал кучето. Ова злосторство медиумите целосно го игнорираа, но денеска локални полициски извори потврдиле дека неговата идентификациона картица, која овозможува пристап до централата, е украдена, пишува весникот.

Пред неколку дена белгиските весници пишуваа дека бриселските бомбаши-самоубијци Халид и Ибрахим ел Бакрауи, планирале и напад на белгиската нуклеарка, но го промениле планот, откако е уапсен нивниот соучесник Салах Абдеслам.

Поврзани новости