1
Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за вториот круг од предвремените локални избори за општина Брвеница.
Според податоците пристигнати до Државната изборна комисија, од вкупно 9 пријавени лица за гласање во казнено поправните установи во државата, гласале вкупно 8 лица.
Од вкупно 107 болни или немоќни лица со право на глас, правото на глас го оствариле 104 лица.
Гласањето во текот на денот, како што информира ДИК, се одвивала без проблеми и секој гласач имал можност слободно да го оствари своето право на глас.