Макрон: Дадов се од себе и покрај грешките

by irena 21:45
21:45

Претседателот на Франција, Емануел Макрон изјави дека во текот на неговите десет години како шеф на државата, „дал се од себе“, признавајќи дека „понекогаш имало грешки“.

Со порака на платформата X, Макрон ја одбележа десетгодишнината од најавата дека ќе се кандидира за претседател на Франција.

„Сакам да им кажам и на оние кои не гласаа за мене дека, во секое време, дадов се од себе за високите интереси на државата“, напиша Макрон, кој го завршува својот втор мандат во мај без уставна можност повторно да се кандидира за функцијата.

„Понекогаш имаше грешки, но секој ден работевме напорно, заедно со многу исклучителни луѓе, во служба на Франција и францускиот народ“, додаде Макрон, кој им се заблагодари на сите што го поддржаа и му веруваа.

Претседателските избори во Франција ќе се одржат во два круга, на 18 април и 2 мај 2027 година.

Слични вести