(Видео) Иако родителите побараа откажување, бабата на Сара се појави на собирот во Охрид

by irena 22:07
22:07

Иако родителите на 26-годишната Сара Ѓорѓиеска претходно упатија јавен апел да се откаже протестот организиран по физичкиот напад врз нивната ќерка, според кажувањата на присутните, на вечерашниот собир пред СВР Охрид се придружи бабата на повредената девојка.

Протестот против родовото и семејното насилство, инициран од Форумот на жени на СДСМ, се одржа и покрај претходното барање на семејството на Сара, кое порача дека очекува случајот да биде разрешен преку надлежните институции и дека правдата треба да се бара во рамките на законските процедури.

На собирот беа испратени пораки за поголема заштита на жените, спречување на семејното насилство и одговорност од институциите кои се надлежни да постапуваат по пријавите за насилство.

„Доста се жртви! Го креваме гласот, не само за Сара, за сите обесправени, малтретирани, повредени и понижувани жени! Бараме одговорност, бараме правда!“, беа дел од пораките упатени од протестот.

Пред присутните се обрати претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова, која нагласи дека насилството врз жените претставува сериозен општествен проблем, но и дека институционалните пропусти во постапките што следуваат по пријавувањето на насилството дополнително ја отежнуваат положбата на жртвите.

 

Слични вести