419
Александар Василевски Нинџа успеал да си обезбеди нови два мобилни телефони во затворот во Шутка, откако минатата недела веќе му беа откриени и земени други два, објави Телма.
Според телевизијата, новите телефони биле пронајдени вчера при претрес, но заедно со нив биле пронајдени уште пет сим-картички.
Исто така, затворската полиција пронашла три мобилни телефони и кај обвинетиот за крвавите настани во парламентот на 27 април – Јане Ченто.