Ахмети: Албанците позитивно ќе одговорат на референдумот

by Фокус

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, е убеден дека Албанците позитивно ќе се изјаснат на есенскиот референдум за договорот за името со Грција. Тој вели дека решението на спорот за името е од голема важност, бидејќи, според него, со тоа се обезбедува иднината на Македонија.

-Јас мислам дека Албанците се одговорни, ја знаат важноста на ова големо прашање за иднината на Албанците во Македонија и на самата земја и позитивно ќе одговорат на референдумот. Ќе учествуваат на референдумот, кој ќе стави печат на еден многу важен процес за иднината, за перспективата, а воедно и голем придонес за мирот, стабилноста, безбедноста и иднината на оваа земја – рече Ахмети.

Поврзани новости