Затворениците од Идризово и Штип се подготвуваат за бунт

by Фокус

Откако затворениците од Идризово започнаа штрајк со глад поради катастрофалните услови во затворот, почнаа да им се придружуваат и затвореници од затворот во Штип. Затворениците не ја исклучуваат можноста и да ораганизираат бунт.

Тие се жалат на хигиената, на храната, на условите во ќелиите. Обвинуваат дека во ќелиите нема елементарни услови за живот, а  се жалат и на нивна злоупотреба од страна на вработените во затворот.

Капацитетот на затворот Идризово е 800 лица, а во моментот таму се сместени околу 2.000. Затворениците од овој затвор и во затворот во Штип најавија протест за во понеделник.

Поврзани новости