428
Тринаесетгодишно дете загина во сообраќајна несреќа која вечерва се случила на булеварот Илинденска. Несреќата се случила околу 18 часот во близина на фонтаната кај градскиот парк во Скопје.
Детето возело велосипед кога во него удрило возило „Пунто“, управувано од четириесет и седум годишна скопјанка, информира Министерството за внатрешни работи.
Неофицијално, на патот немало траги од кочење.