343
Револтирани од одлуката на претседателот Иванов за помилување на повеќе од 200 осуденици, затвореници започнуваат со штрајк.
Според организаторите кои го најавија настанот, штрајкот ќе одвива од 14 до 18 часот. Причината за нивната револтираност е, како што велат, помилувањето на педофили, силувачи и убијци од претседателот Иванов, додека в затвор се уште лежат невини луѓе или такви кои не направиле кривични дела.
Затворениците ќе штрајкуваат во самите затвори, а нивните семејства ќе постават шатори, каде ќе се стационираат се додека не бидат исполнети нивните барања. Според организаторите, штрајкот пред се е и поради нечовечките услови во затворите, а бараат и донесување Закон за амнестија по итна постапка.
Ваквиот развој на настаните е очекуван ако се знае дека парламентот не ги прифати законите за амнестија на пратеникот Павле Трајанов и на граѓанскиот предлог кој следуваше откако се собраа 10 илјади потписи.