Општина Штип наредила да се избришат графитите „Збогум Никола“

by Фокус

Општина Штип му наредила на Јавното претпријатие „Исар“ да ги избрише графитите низ градот кои имаат содржина  „Збогум Никола“, „Оставка“, „Каков крај“, „Грујо оди си“, јавуваат локалните медиуми.

Поради ова, новинарите добиле покана од општинскиот портпарол Драган Ристов да дојдат на градскиот плоштад и да земат изјава од него. За Општината ова се недолични политички графити, а ѕидовите, според портпаролот Драган Ристов, не се место каде се прави политички дијалог и каде се креира политика.

Поврзани новости