Затвореникот што почина бил осуден на 20 години затвор за убиство

by Fokus

Осуден за убиство на 20 години затвор, издржал околу девет години, затвореникот во штипскиот затвор не успеа да го одлежи остатокот од казната. Како што дознава „Фокус“ се работи за повозрасен кочанчанец, роден 1955 година. Тој имал 68 години и повеќе здравствени проблеми.

-Повеќе пати изминативе години беше носен во болница. Вчера беше повикана брза помош, со која што беше однесе во Клиничката болница во Штип. Добил здравствена нега на интерното одделение. во 6.30 беше вратен и само што влегол во неговата собра починал – вели за „Фокус“ директорот на штипскиот затвор, Мики Тодоров.

Се претпоставува дека причина за смртта е срцев удар. Се работи за Д.М. од Кочани.

Тодоров изјави дека за смртта на осуденикот е известен и СВР Штип, а според сите документи со кои располагаат во однос на здравствената состојба на лицето, не е дадено наредба да се изврши обдукција.

Поврзани новости