Почина затвореник во штипскиот затвор

by Fokus

68-годишен кочанчанец кој извршувал затворска казна во штипскиот затвор починал денеска, потврди директорот на установата, Мики Тодоров.

Се работи за Д.М. од Кочани. Тој вчера со возило на Итната медицинска помош бил однесен во Клиничката болница во Штип на Интерно одделение, каде останал неколку часа, а утринава е отпуштен.

Осуденикот починал само што бил вратен во Затворот и за тоа биле известени екипи на Итната медицинска помош, кои констатирале смрт.

Тодоров изјави дека за смртта на осуденикот е известен и СВР Штип, а според сите документи со кои располагаат во однос на здравствената состојба на лицето, не е дадено наредба да се изврши обдукција.

Поврзани новости