Затвореник во самица намерно запалил ќебиња и јоргани

by Fokus

Дваесетгодишен кумановец кој издржувал затворска казна во затворот во Охрид запалил ќебиња и јоргани, информираа од МВР.

Според полицијата, на 12.03.2018 година во Казнено поправната установа “Затвор Охрид“, во просторијата во која пријавениот издржувал мерка самица, истиот најверојатно со цигара намерно запалил ќебиња и јоргани.

Пожарот бил локализиран од страна на Територијалната противпожарна единица.

Поврзани новости