Затвореник со нож прободел друг затвореник

by Fokus

Двајца затвореници се степале, од кој едниот го прободел со нож другиот, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 09.20 часот од вработен во Казнено поправна установа Затвор -Скопје е пријавено дека околу 08,00 часот во полуотвореното одделение Џ.М.(50) од Скопје кој издржува казна затвор, физички нападнал друг затвореник И.П.(35) исто така од Скопје. Сторителот со употреба на нож му нанел гребнатина во десната подколеница на И.П. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости