Затворени сите училишта во Тетово

by Фокус

Општина Тетово донесе одлука со која се прекинува наставата во сите основни и средни училишта, како и во градинките се до крајот на првото полугодие. Одлуката доаѓа откако граѓаните денеска протестираа против енормното загадување на воздухот и по бојкотот на наставата на дел од учениците.

-Донесовме одлука наставата да биде прекината до крајот на првото полугодие, а во меѓувреме Општина Тетово и понатаму ќе ги спроведува мерките за намалување на загадувањето. Ќе се мијат улиците со калциум магнезиум ацетат и ќе продолжиме со воведување зонско паркирање во градот. За наредната година ќе го ставиме во функција и претпријатието за јавен транспорт, изјави градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

За во петок е закажан нов протест во најзагадениот град во Македонија. Движењата „Еко герила“ и „Мајка и дете“ најавија дека протестот ќе се почне во 13 часот плоштадот „Илирија“, во знак на револт за катастрофалната еколошка состојба.

Изминатата ноќ во Тетово концентрацијата на ПМ10 честичките во воздухот се искачи речиси до 1000 микрограми на метар кубен, или 20 пати повеќе од максимално дозволеното.

 

Поврзани новости