Студентите бесплатно ќе патуваат во Париз, Венеција и Барселона

by Фокус

Премиерот Никола Груевски, во очи на изборите, најави уште еден проект за студентите по оној за бесплатен превоз. Имено, студентите со просек над 9,5 кои студираат на првите три универзитети според Шангајската листа ќе можат бесплатно да патуваат во Париз, Венеција или Барселона.

-За сите студенти што имаат просек над 9,5 на првите три рангирани универзитети, државата ќе обезбеди бесплатно патување со авион и ќе го покрие целото патување, вклучувајќи сместување, храна, авионски превоз и се останато што влегува во еден таков аранжман. Македонските студенти ќе имаат можност да посетат три дестинации за кои проценивме дека се меѓу најатрактивните за патување на младите, Париз, Венеција и Барселона, изјави Груевски.

Како што рече премиерот, целта на овој проект е да се поттикнеле младите да имаат подобри резултати во учењето. Наградните патувања ќе почнат од наредната година.

Поврзани новости