Шилегов: Самиот избор на членови на ДИК не значи ништо

by Фокус

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, денеска изјави дека тоа што биле избрани членовите на ДИК не значи дека Комисијата е подготвена да фукнционира како што треба и да ги оствари своите надлежности.

-Само за да може да се направи споредба на фотографиите од гласачите на Избирачкиот список треба 30 дена без да биде објавена јавна набавка. Во овој момент нема ниту просторни услови за да може ДИК да функционира, нема ниту доволно кадар, за да се формираа за да се комплетираат ИТ секторот и правниот сектор. ДИК не располага со техника и компјутери за да го преземе Избирачкиот список. Самиот избор на членови на ДИК не значи ништо, зошто таа треба да биде воспоставена на принципите на законот, да ги има перформансите за да може да кажеме дека ДИК може да ја одигра улогата што и е дадена, рече Шилегов.

Како што рече Шилегов, императивот на СДСМ не е да има избори за да има избори, туку императивот е да има беспрекорно огранизиран и фер избирачки процес и дека потреба е суштина, а не само форма.

-Нема да дозволиме понатамошна кражба на избори. На Република Македонија, а не на СДСМ и требаат кристално чисти избори. Нема да дозволиме понатамошна кражба на изборите, изјави Шилегов.

Поврзани новости