Затворен угостителски објект во Чегране, приведен сопственикот

by Fokus

Синоќа во 21:15 часот, по претходна пријава, полициски службеници од Полициското одделение Чегране извршиле контрола во угостителски објект во селото, сопственост на В.Ф.(37) од Чегране. При контролата, во објектот биле затекнати четири лица, заедно со сопственикот и било констатирано дека не биле почитувани меркита на Владата за спречување на ширењето на Ковид-19.

– Објектот бил затворен од Државен пазарен инспекторат, а сопственикот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, соопштија денеска од МВР.

Поврзани новости