Крушевскиот градоначалник инфициран со корона вирус, префрлен во Инфективна клиника

by Fokus

Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски е позитивен на корона вирус, а од вчера тој е префрлен во Инфективната клиника во Скопје.

Според информациите, првите симптоми ги почувствувал во неделата вечерта, а веќе во понеделникот добил позитивен тест на корона вирусот.

Засега не е познато колку време ќе остане на лекување, а од општината не информираа дека Христоски се чувствува добро и неговата состојба е стабилна.

Ј.Ц.

Поврзани новости