Затворањето на Југохром не го намали аерозагадувањето во Тетово

by Фокус

Аерозагадувањето во Тетово остана високo, далеку над дозволената гранична вредност, и покрај привременото затворање на индустриксиот капацитет Југохром, кого невладините здруженија го сметаа за една од главните причини за присуство на штетните ПМ 10 честички во воздухот, покажуваат последните мерења.

Министерот за животна средина Нурхан Изаири најави дека во соработка со владите на Финска и Австрија во тек се стручни мерења на воздухот на неколку локации во Тетово и Скопје, кои треба да утврдат што и колку точно загадува.

Дури потоа ќе се знае какви мерки треба да се преземат за намалување на аерозагадувањето, особено во Тетово, каде периодов ПМ 10 честичките се искачуваа и до близу 1000 микрограми на еден кубен метар, што многу над минималната граница од 50 мг.

 

Поврзани новости