Мехмети: Губитници го уриваат кредибилитетот на Ахмети и на ДУИ!

by Фокус

Пратеничката на ДУИ Ермира Мехмети, која неодамна побара реформи во ДУИ, испровоцирана од, како што вели, кампањата на фејсбук со цел нејзина дискредитација, обвини дека корумпирани ликови и губитници го уриваат кредибилитетот на партискиот лидер Али Ахмети.

– За жал нема ништо од реформите во ДУИ. Тоа е нормално кога корумпирани членови и губитници го уриваат и кредибилитетот на лидерот. За едно нешто немам никакви дилеми, а тоа е дека губењето на авторитетот на Ахмети и на партијата почна кога во структурите на ДУИ високо беше лансиран господинот „Селфи“, хулиганот кој може само да потикнува конфликти, без разлика дали е тоа на стадион или кога носи наметка на политичар – изјави Мехмети.

Нема дилеми дека господинот „Селфи“, како што го нарекува, е Артан Груби, кој стана шеф на кабинет на Ахмети и еден од луѓето од најголема доверба на лидерот на „интегративците“, откако во партијата влезе од невладиниот сектор.

Поврзани новости