Граѓаните на Карпош на протести против божиќните измени на урбанистичките планови

by Фокус 11:38
11:38

Граѓаните од општина Карпош најавуваат дека утре со блокади и протести ќе го искажат своето незадоволство против неочекуваното донесување на деталните урбанистички планови за Карпош 3 и Тафталиџе 1.

Според најавите, тие планираат да го блокираат булеварот „Партизански одреди“ кај Сити мол, каде ќе бидат покажани изгласаните измени и дополнувањата на ДУП-овите на 5 јануари, па секој ќе може да види кои од постоечките слободни парцели во населбите ќе добијат нова намена.

- Advertisements -

Опозицискиот СДСМ уште вчера реагираше дека овие измени се донесени на нетранспарентен и незаконски начин, а од партијата на градоначалникот Стевчо Јакимовски -ГРОМ, возвратија дека  е запазена целокупната процедура.

Поврзани новости