497
Новинарка на црногорскиот дневен весник „Вијести“, Оливера Лакиќ вечерва е повредена од огнено оружје.
Инцидентот се случи пред нејзиниот дом во Подгорица.
Според првичните информации Лакиќ е ранета во потколеницата и е вон животна опасност. Новинарката е хоспитализирана, а полицијата го истражува случајот.