Засилено полициско присуство околу „Свети Спас“, забрана за возила и луѓе

by Фокус

Во пресрет на утрешното одбележување на раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, што се проценува дека ќе мине во тензична атмосфера, поради најавите за присуство на гости од Бугарија, веќе има засилено присуство околу црквата „Свети Спас“.

Како што известуваат медиумите, влез во дворот на црквата под Кале не им бил дозволен на новинарските екипи, а ограничено им било движењето и на возилата и граѓаните.

Притоа, угостителските објекти во непосредното опкружување во чаршијата не работат.

Поврзани новости