Заштитени сведоци и денеска сведочат за „Диво Насеље“

by fokus

Заштитени сведоци и денеска сведочат за случајот „Диво Насеље“, во сала на Врховниот суд, односно за настаните што се случија во Куманово на 9 и на 10 мај минатата година, кога животите ги загубија осум припадници на специјалните полициски единици, а 37 беа ранети, при напад од вооружена група.

Поради тајност на овој дел од постапката, судењето е затворено за јавноста, односно на новинарите не им е дозволено да присуствуваат во судница. Како што не инфмираа од судот, се очекува до крајот на овој месец рочиштата да бидат тајни, бидејќи треба да се сослушаат околу 40 заштитени сведоци, а од септември повторно да бидат достапни за јавноста.

Следното рочиште, кое исто така ќе биде затворено за јавноста, е закажано за 28 јули.

 

Во овој судски случај обвинети се 29 лица за тероризам, односно според обвинението се товарат дека биле дел од т.н. кумановска група за тероризам и терористичка организација која на 9 и 10 мај, минатата година, се судри со безбедносните сили во кумановско.

Поврзани новости