Заштитени сведоци и денеска сведочат за „Диво Насеље“

by fokus

По оддржаното судско рочиште во четвртокот, и денеска во Кривичниот суд продолжува сведочењето на заштитените сведоци за настаните во кумановско „Диво Насеље“.

Поради тајност на овој дел од постапката, судењето е затворено за јавноста, односно на новинарите не им е дозволено да присуствуваат во судница. Како што не инфмираа од судот, се очекува до крајот на овој месец рочиштата да бидат тајни, бидејќи треба да се сослушаат околу 40 заштитени сведоци, а од септември повторно да бидат достапни за јавноста.

Во овој судски случај обвинети се 29 лица за тероризам, односно според обвинението се товарат дека биле дел од т.н. кумановска група за тероризам и терористичка организација која на 9 и 10 мај, минатата година, се судри со безбедносните сили во кумановско, при што беа убиени осум полицајци, а 14 беа потешко повредени.

 

 

 

Поврзани новости