Партијата на пензионери: Аздисаната власт ги заплашува пензионерите

by fokus

Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ), најостро го осуди, како што велат, обидот на власта со манипулации, заташкување на вистината и заплашување и на пензионерите, да го оправда неуспешниот обид за недомаќинско и необјасниво задолжување на Република Македонија со нови 650 милиони евра.

-Власта, која до вчера се самовеличеше како економски најуспешна во Европа и „пошироко“, откако и пропадна обидот, без елементарно образложение и запазување на процедурите, со задолжување да обезбеди пари, почна да ги плаши пензионерите, дека со пропаѓањето на еврообврзницата, меѓудругото немало да има пари и за пензии. Зошто со Буџет од околу 2,9 милијарди евра, за кој тврдеа дека е во одлична кондиција, Владата не може да ги сервисира своите обврски и зошто воопшто по 10 години нејзино владеење ФПИОМ тоне во се поголем дефицит и зависност од Буџетски дотации, велат од ПОПГМ.

Тие им укажаа на пензионерите да не се шири неспокој и дека пари за пензии има и пензиите редовно ќе се исплаќаат.

Поврзани новости