Хан: Изгледа турската влада имала подготвено список за апсење

by fokus

Еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, денеска изјави дека брзото задржување судии и други лица по неуспешниот државен удар во Турција покажува дека владата претходно имала подготвено список.

-Изгледа како нешто што било подготвено однапред. Списоците биле на располагање што укажува на тоа дека биле подготвни да се искористат во одредена фаза. Јас сум многу загрижен. Тоа е токму она што го очекуваа, рече Хан.

Инаку, по неуспешниот обид за пуч, турските власти уапсија 6.000 лица, меѓу кои и обвинители и судии.

Поврзани новости