7
Од Обвинителството информираат дека е поднесен предлог за краткотраен притвор за 8 лица, а за тројца се уште не, бидејќи се наоѓаат во болница. За сите 11 се прават проверки околу нивната поврзаност со пожарот во кочанската дискотека.
-Обвинителството до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица. Од нив предлог за краткотраен притвор е веќе поднесен за 8 лица, додека останатите 3 се уште се хоспитализирани во потешка здравствена состојба. Постапката во однос на нив ќе продолжи веднаш кога состојбата ќе им се подобри. Дејствија продолжуваат да се преземаат за испитување на одговорност на повеќе лица, информираат од Обвинителството.
Во трагедијата во Кочани загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.