Засега нема договор за нова лидерска средба

by Fokus

Нема договор за нова лидерска средба, рече денеска носителот на листата за пратеници на СДСМ, Никола Димитров, одговарајќи на новинарско прашање.

Како што тој додаде, се вложуваат напори за да се дојде до консензус околу датумот за избори.

„Нема во моментов договор за нова лидерска средба, мислам дека може да се каже дека има комуникација и се вложуваат напори да се постигне консензус. Меѓу нашите свети начела е да имаме демократија и многу е важно сите политички чинители да излезат на тој изборен мегдан. Треба да мислиме на државните интереси во овој период. Да потсетам дека предвремените избори практично се иницираа на барање на опозицијата, тогаш контекст беше недонесувањето на зелено светло во контекст на одлуката на ЕУ за почеток на пристапни преговори“, истакна Димитров.

Поврзани новости