Заразен од корона вирус се фрлил од болница во Тирана

by Fokus

Шеесет годишен пациент заразен со Ковид-19 си го одзел животот фрлајќи се од третиот кат на болницата „Шефќет Ндроќи“ во Тирана, каде бил хоспитализиран.

– Трагичниот настан се случил триесет минути по полноќ, кога пациентот Л.С. жител на градот Решен, си го одземал животот со фрлање од третиот кат на Ковид 2 болницата, каде бил хоспиталзиран пред десет дена. Истрагата продолжува со цел расветлување на околностите, се наведува во полициското соопштение.

Првичните сознанија од истрагата покажуваат дека самоубиството пациентот го извршил поради влошена психичка состојба поради болеста.

Ова е петти ваков случај од средината на август. Претходно тројца пациенти заразени од Ковид-19, на возраст од 29, 65 и 52 години се самоубија со фрлање од балконите на „Шефќет Ндроќи“, додека еден на 69-годишна возраст од балкон на Инфективната клиника.

По обвинувања за недоволната грижа поради пренатрупаните болници, од страна на роднини на починатите и опозицијата, премиерот Еди Рама, неодамна рече дека „вакви работи се случуваат во многу други држави во Европа“, додавајќи дека во Италија од март до август се самоубиле 71 пациенти заразен со корона вирус.

Поврзани новости