Тројца здравствени работници од Кавадарци позитивни на Ковид-19

by Fokus

До 12 часот денес пристигнати се позитивни резултати за 30 лица од Кавадарци, информираат од ЦЈЗ Кавадарци. Помеѓу новоинфицираните има тројца здравствени работници. Исто така, во Неготино се регистрирани 18 нови слуачи на вирусот, во Демир Капија три, и четири во Росоман.

Лицата се на возраст од осум до 75 години. Од почетокот на пандемијата во Кавадарци се инфицираа 1.281 лице, а активни се 530 случаи. Во Неготино пак, се инфицираа 605 лица, а активни се 343 случаи. Инфицираните од Росоман се водат под Општина Кавадарци, а од Демир Капија под Општина Неготино. И во Демир Капија изминатиот период се зголемува бројот на позитивни. Во тек на вчерашниот ден беа регистрирани осум случаи, а изминатата недела околу 30.

-Во Демир Капија имаше пораст на инфицираните пред неколку месеци, па потоа тој број се стабилизираше и еден период состојбата беше релативно добра. Но, изминативе неколку недели и таму повторно бројот на позитивни се зголемува, а со оглед на тоа што се работи за мало место, бројките не се за занемарување – велат од центарот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости