Зар се уште нема да се сомневаме во државните приоритети? Детски животи и судбини на цели семејства се во прашање…

by lali

Владата распиша оглас со кој ќе потроши половина милион евра за кампања за подигање на свеста на граѓаните за рационална употреба на лековите.

Во меѓувреме:

1. За операција на 12 годишната Мартина Стојковска од Струмица, два месеца се чекаат пари од ФОНДОТ за операција на ’рбетот во Турција. Има сколиоза која е во неверојатно напредна фаза. Само зафатот чини 40.000 евра. Засега, нема позитивен одговор дали ќе ги добие парите!

2. Николинка Митева од Струмица, боледува од леукемија. За лекување потребни 120.000 евра. По четири месеци истрага во Скопје, крајната дијагноза стигнува до апластична анемија, со сомнеж на леукемија. Девојчето, истоштено и речиси неподвижно, родителите на своја рака го носат во Германија. ФОНДОТ ОДЛУЧИ ДА не даде пари.

3. Малечката Стефанија Петрова, има проблеми со срцето. Таа мора да замине во Бугарија на операција, во Клиниката за Детска кардиологија во Софија. Оперцијата чини 13800 евра, сума која семејството не може само да си ја обезбеди. а пред некој ден за маката и тагата биде поголема, Стефанија го загуби и татко си.

4. Се уште никој не презема одговорност за смртта на Тамара!!!

Зар се уште нема да се сомневаме во државните приоритети? Детски животи и судбини на цели семејства се во прашање. Зар нивните судбини не се доволни да ни се подигне свеста дека треба да притиснеме, им дадеме поддршка и за нив се избориме да ја добијат помошта која им е ветена. Од тогаш до денес има многу вакви случаеви како девојчињата погоре, многу што немале сила да излезат во јавност и побараат помош, што биле шетани низ ходници и одбивани за помош.

Верувам дека ќе се сложите, не ни требаат кампањи на подигање на свест за користење на лекови, ни треба помош за децата! Ете наша Владо, почнете со овие три девојчиња.. сигурен сум дека сите граѓани ќе се согласат за тој компримис, да нема ваква кампања, а на трите девојчиња со тие пари им се помогне!

Драги пријтели, кренете го гласот за овие деца и за сите останати! Солидарноста е онаа кои не прави луѓе, луѓе кои помагаат и се трудат за доброто на сите!

Ние како народ поради неукоста и неупатеноста во целиот систем све адресираме кон врвот, односно кон министрите, а многу често и бараме одговори од премиерот.

Тоа говори две работи: Институциите се комплетно неспособни и/или се под целосно влијание на претпоставените и политиката, и онаа популистичката наметна да гледаме во министрите како богови и еднинствени решавачи на проблемите во државата прескокајќи ги надлежните институции и нивниот стручен кадар.
И во двата случаи, ќе пукне тиквата некогаш и тогаш одговорноста треба да ја земе оној кој и се поставил како решавач на сите проблеми. Кај нас тоа го нема, односно никој се уште од морални прични не поднел оставка, па затоа да го задоволи револтот на масата, ќе мора да принесе жртва која ќе биде посочен виновник за настаните кои не излегле во прилог.

Независен систем треба, компетентен, што не се плаши и што работи во полза на граѓаните. Не ни требаат ветувања, спасители и богови. Ни треба работа и професионалност, ни треба помош од државата кога ни е најпотребна. Тогаш!