Студентите формираа Автономна зона: Не сте свесни колку сме бесни

by Фокус 12:43
12:43

Претставниците на студентскиот пленум го окупираат филозофскиот и филолошкиот факултет, бидејќи сметаат дека универзтетот во кој бил извршен упад мора симболично да биде ослободен.

Тие сметаат дека отстапката на премиерот Никола Груевски за одложување на примената на измените е недоволна и изнудена од актуелната политичка ситуација.

- Advertising -

„Ние баравме одложување најмалку до 2018 за да има доволно време да се изготви нов закон за високо образовнаие, кој ќе ги отсликува реалните потреби на студентите. Пленумот мора да биде активно вклучен во овој закон за да влујаеме во студенската перспектива. Тој треба да ја уништи корупцијата и дискриминацијата на универзитетот, да ги укине непотребните давачки за студентите, да обезбеди доволно средства за научна работа и друго…“, рекоа од Пленумот.

Се скандира Автономија, на трансперентите е обележано Автономна зона, Слободен универзитет, Не сте свесни колку сме бесни…

Поврзани новости