Мајката на Тамара до Тодоров: Не знам зошто си разочаран, те молев да ме примиш, ама ти не најде време

by Фокус

Откако министерот за здравство, Никола Тодоров, истакна дека e разочаран, но не чувствува одговорност за смртта на малата Тамара, со коментар на социјалната мрежа фејсбук му одговори Жаклина Димовска, мајката на починатото девојче.

-Не знам зошто си разочаран? Мојата Тамара ја нема веќе, зошто? Уште пред три години во Велес јавно те молев, те молев, да ме примиш да те запознаам со случајот Тамара и до ден денес не ме прими иако знаеше дека те чекам пред министерството. Тамара имаше болки, молеше за помош ама ти не најде време да не примиш и сослушаш и затоа немаш одговорност, напиша на својот фејсбук профил мајката на Тамара.

На фејсбук се појави се појави и разговор кој Димовска го водела со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Велес, Илија Димовски.

 

tamara

Поврзани новости