388
Денеска започна теренската проверка на спорните гласачи од Избирачкиот список. Анкетари на ДИК проверуваат 100.436 сомнителни записи распоредени на 89.383 граѓани во сите 80 општини во Македонија.
– ДИК е во постојана комуникација со подрачните одделенија и од блиску го следи процесот. Досега нема информација за проблеми на терен, но дополнителни информации се очекуваат кон крајот на денот кога ќе заврши анкетирањето и кога материјалите ќе им бидат предадени на контролорите во подрачните единици на ДИК – вели Љупка Гугучевска, советник во ДИК.