Жерновски: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го одложиле поставувањето на албанските споменици

by Фокус

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денеска објави документи за како што рече „играта на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“ во врска со поставувањето на три споменици на албански дејци Неџат Аголи, Јосип Багери и Пјетер Богдани во општина Центар.

– Документацијата за спомениците ја открива играта на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Тие треба да одговорат зошто секретарот поставен од ВМРО ДПМНЕ, потпишал документ за одложување на лиењето само на овие споменици, и тоа за цели 13 месеци. Зошто се одложува лиењето на овие споменици, додека за сите останати вакво одложување нема. Како што знаете, сите други освен овие три се поставени за време на изборите во 2013? Јас и ова општинско раководство нема да учествуваме во овие игри. Ова е провиден трик и затоа прашувам до кога ќе играат на оваа карта? – истакна Жерновски.

dogovor02

Градоначалникот ги покажа договорите помеѓу општина Центар и леарницата “Гуастини“ во Италија за леење, транспорт, осигурување, подготовка и постаување на соодветен постамент на спомениците, според кои транспортот и поставувањето е обврска на леарницата, а не на општина Центар, а општината требала само да ги префрли парите и буквално нема никаква надлежост над нив.

– За скандалот да биде поголем, на 12-ти јануари, 2016-та година, Владата на седница носи заклучок со кој го задолжува Министерството за локална самоуправа, преку општина Центар, да организира транспорт на трите споменика на албанските дејци од Виченца, Италија до Скопје и да ги заврши потребните процедури за нивно поставување, најдоцна до февруари, 2016-та година. Гледате какви одлуки носи Владата за да изврши притисок врз општина Центар. Затоа барам итно, на првата наредна седница, Владата да ја поништи оваа одлука. Во спротивно, ќе поведеме постапка пред надлежните органи – рече Жерновски.

dogovor0

Според него, за време на изборите, Општина Центар за проектот “Скопје 2014” била пералница за пари.

– Од документите се гледа дека општина Центар требала само да ги префрли парите за споменици на Неџат Аголи, Јосип Багери и Пјетер Богдани. Од документите ќе видите кој е вистински одговорен за транспортот и поставување на овие споменици и кој имал интерес тие да не бидат поставени пред и за време на локалните избори – тврди Жерновски.

Поврзани новости