Дескоска: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги бранат криминалите со нови измени на закони

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ предлагаат наместо како до сега осомничениот да има рок од 15 дена за поднесување докази, тој рок да се продолжи на 90 дена, што е речиси 3 месеци.

Според пратеничката  на СДСМ, Рената Дескоска овој предлог за измена на Законот за кривична постапка на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ,  е обид за дезавуирање на постапувањето на Специјалното јавно обвинителство и одложување на неговото постапување.

– Со овој нивен предлог ги продолжуваат роковите на редовната и на скратената кривична постапка, со што всушност се сака да ги одолговлечат и одложат постапките на специјалното јавно обвинителство. Сите знаете дека во својот извештај специјалното јавно обвинителство најави обвиненија во скоро време. За да го одложат постапувањето на ова обвинителство, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ предлагаат наместо како до сега осомничениот да има рок од 15 дена за поднесување докази, тој рок да се продолжи на 90 дена, што е речиси 3 месеци – рече Дескоска.

Понатаму, скратената постапка целосно се минира со воведување на истиот рок од 90 дена за преземање на дејствија на одбраната.

Според неа, денеска пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со гласањето во Собранието по 2 точки од дневниот ред уште еднаш го покажала стравот од одговорност за сторените кривични дела од страна на врхушката на власта.

Поврзани новости