Кокаин, екстази и марихуана пронашле полицајците во акциска контрола ноќеска во локали во Скопје, Тетово, но и во домови.
Ноќеска при контрола во два угостителски објекта во Скопје, полицијата извршила преглед на над дeсетина лица, од кои кај две лица е пронајдена марихуана. Тие се приведени и против нив ке бидат поднесени кривични пријави.
По добиени дополнителни сознанија, извршен бил и претрес на дом и други простории во Скопје, каде се пронајдени 10 паковки кокаин, 115 таблети екстази, една паковка прашкаста материја, вага и нож.
Приведен е дваесет и тригодишник од Кратово и против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Во Тетово пак синоќа биле најдени 25 паковки кокаин и марихуана и приведени биле осум лица. Претресот бил извршен во угостителски објект и плац за стари возила, во рамките на кој се наоѓал објектот, лоциран на улица “Видоја Смилевски-Бато” во Тетово, сопственост на Н.С.(31) од тетовско Шемшово.
Полицијата во текот на изминатата вечер извршила акциска контрола и во пет угостителски објекти во Кичево и Охрид.
-Во село Зајас приведени се две лица поради непоседување документи за лична идентификација и една странска државјанка од Република Србија за утврдување на дозвола за престој. Во четири угостителски објекти констатирани се неправилности поради неиздавање на фискални сметки, а утврдено е и непочитување на Законот за забрана за пушење во затворени простории, соопшти МВР.