Запечатен објектот на познат наркобос од Грчец кој е во бегство

by fokus

Полицајци од Бирото за јавна безбедност и Единицата за брзо распоредување синоќа на полноќ во акција во Грчец го затвориле угостителскиот објект којшто се поврзува со Шевељ Муареми познат наркобос од Грчец, кој сега е во бегство.

Акцијата како што информираат од МВР била изведена во координација со правата за јавни приходи и Државен пазарен инспекторат.

-Констатирани се низа неправилности во работењето: угостителскиот објект нема регистрирано правно лице-фирма, немало регистриран фискален апарат, не биле почитувани мерките за справување со Ковид 19, поради што од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот е запечатен и изречени се соодветни глоби. Извршен е преглед на 40 лица и констатирано е присуство на тројца малолетници, за што ќе следуваат соодветни пријави. Исто така, приведено е едно лице кај кое е пронајден нож. За сите незаконитости ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од МВР.

Муареми е избеган од Македонија, а неговото име се поврзуваше со пукањето во Александар Палас што се случи пред четири години, а истрагата за овој случај се уште нема исход.

Поврзани новости